Вчера во 8 часот и 10 минути во СВР Тетово е пријавено дека на плочник пред семејната куќа во Гостивар била пронајдена почината 76-годишната С.О.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а според нејзиниот сопруг Ќ.О.(75), со кого заедно живееле во куќата, таа околу 4 часот отишла во кујната која била поврзана со балконска врата и најверојатно паднала од балконот.
Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршилe увид, а по наредба на јавниот обвинител на телото на починатата е извршена обдукција. Се расчистува и документира случајот.