Со тешки телесни повреди вчера се здобила 64-годишна жена по сообраќајна незгода на подрачјето на скопската општина Центар.
МВР информира дека вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Јордан Мијалков во Скопје, патничко моторно возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано Ј.К.(38) од с.Марино, Општина Илинден, удрило во пешакот М.Г.(64) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се вели во полицискиот билтен.