Жичарницата на Водно од утре, сабота (1.10.2022 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.
Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичарницата не работи поради редовни сервиси.
Од ЈСП најавуваат и промени во режимот на сообраќајот во недела. Задутре, во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.
-Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б. Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57, се наведува во соооштението.
Линии со непроменета траса се градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В и приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71 и 81.
-Ги потсетуваме сите учесници на маратонот, дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица), соопштија од ЈСП.