Жител од Зајас повикан во полиција, осомничен е дека организирал борба на кучиња

Во текот на октомври 2023 година, извршен е разговор со Б.А.(45) од кичевското село Зајас, поради сомнение дека организирал настан со кучиња во атарот на кичевското село Букојчани. Известен е надлежен јавен обвинител и против организаторот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од СВР Охрид велат дека досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираат до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.

Претходна вестНова инвестиција во ТИРЗ, во следните 10 години е планирано отворање на над 1.000 нови работни места
Следна вестРК Пелистер прими гол во последните секунди и загуби, судиите не му признаа регуларен гол