РК Пелистер прими гол во последните секунди и загуби, судиите не му признаа регуларен гол

Ракометен трилер во Битола. Еурофарм Пелистер синоќа во драматичен и изедначен натпревар доживеа пораз во Лигата на шампионите. Унгарскиот тим Пик Сегед славеше со 28:27, со голот на неколку секунди пред крајот на натпреварот.

Ракометарите на Пелистер му дозволија на противникот да стекне предност и потоа мораа да го стигнуваат конкурентот во текот на целиот натпревар. Највисоката предност на унгарскиот тим изнесуваше четири гола.

Финишот беше изклучително драматичен, Гебдан со три одбрани и Петровиќ со три гола го донесоа Пелистер до нерешен резултат. Сепак на крајот реши голот на Сита.

Битолчани сигурно ќе бидат незадоволни, а имаат и зошто, од арбитражата на француските судии. Во 27.минута не видоа дека по ударот на Борзаш топката заврши зад гол-линијата. Со тој гол Пелистер ќе на крајот би имал нерешен резултат.

Неколку ракометари се истакнаа на теренот, но за честитки се и навивачите во Битола кои беа извонредни.

На овој натпревар македоскиот репрезентативец Филип Кузмановски го имаше својот деби настап во дресот на Пелистер.

-Бев многу мотивиран да играм пред прекрасната публика. Навистина ми е жал што не победивме. Сегед е врвна и многу искусна екипа со големи имиња во својот ростер, и штета што не успеавме да го изненадиме. Ветувам дека во иднина ќе бидеме многу подобри и заедно со оваа публика ќе се радуваме на многу победи, рече Кузмановски.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Претходна вестЖител од Зајас повикан во полиција, осомничен е дека организирал борба на кучиња
Следна вестАпасиев: Промената на Деловникот беше генерална проба за Бугари во Уставот