Апасиев: Промената на Деловникот беше генерална проба за Бугари во Уставот

Со инциденти и тензии беше изгласан новиот Деловник на Собранието кој ќе важи од наредната година со новиот собраниски состав. Остана да лебди прашањето – дали Деловникот беше донесен со кршење на Деловникот?

Се случи експресно отфрлање на околу 2.500 амандмани поднесени од „Левица“, а пратениците на оваа партија истакнаа дека нема основ за нивно отфрлање, па и дека тие дури и не биле заведени во собранискиот архив. Сепак, вкупно 83 пратеници гласаа „за“, а само двајцата до Левица беа „против“.

Со тоа, по претстојните избори, една од главните промени е дека во собраниската работа опозицијата веќе нема да има можност за „филибастеринг“, односно нема да има можност со многу амандмани да ја принуди власта на преговори за некое законско решение или одлука. Секој закон, практично, ќе може да се протурка од страна на кое и да е парламентарно мнозинство за само пет дена, без оглед на тоа колку амандамни ќе поднесе опозицијата.

Лидерот на „Левица“ пред еден час на Фејсбук кратко објасни зошто смета дека е сменет Деловникот.

-Промената на Деловникот беше ГЕНЕРАЛНА ПРОБА за Бугари у Устав!, напишал Апасиев.

И неговиот партиски колега Борислав Крмов зборуваше на локална телевизија на таа тема.

Претходна вестРК Пелистер прими гол во последните секунди и загуби, судиите не му признаа регуларен гол
Следна вестИзраел ракетиран од Хезболах; Израелски министер се закани: Oна што се случува во Газа може да се случи и во Либан