Дел од жителите на општината Ѓорче Петров, денеска излегоа на мирен протест, како револт за новиот ДУП, со кој се предвува изградба на 30 нови згради во Општината, и нови 4000 станови.
Иницијативата ,,Не за бетонизација на Ѓорче Петров” бара од општината повлекување на планот со кој се предвидува изградба на повеќе згради некои и по 20 ката спроти пазарот во Ѓорче Петров.
-,Граѓаните на Ѓорче Петров имаат сериозен проблем со водоснабдувањето, паркинг простор и загаденост на воздухот. ДУП-от наречен „Бетонски монструм“ кој предвидува нови 30-тина згради со над 20 ката, 4.000 станови и нови 10 илјади жители во општината сериозно ќе го наруши квалитетот на живеењето на ѓорчевци во нашата општина. Од таа причина бараме суспензија за изградба на висококатници, не не и за изградба на училиште и градинка во општината. Максимално поддржуваме изградба на училиште и градинка, вели Горан Симоновски од иницијативата.