Темен режим Режим на светлина

Македонски државјанин уапсен во Косово при обид да продаде 96.000 фалсификувани долари

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин

Косовската полиција уапсила државјанин на Македонија при обид да продаде 96 илјади фалсификувани американски долсри, јави дописникот на МИА од Приштина. Акцијата на Управата за борба против стопански криминал и корупција при полицијата на Косово се случила во петокот вечерта, во соработка со други безбедносни институции.

Од страна на истражното одделение соопштија дека осомничениот македонски државјанин И. Д. (1970 година) бил фатен на дело при обид да ги пушти во оптек 96-те илјади американски долари, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На приведениот му е одреден притвор од 48 часа.

Полицијата соопшти дека осомничениот продавал 100 фалсификувани долари за 40 евра.

-Во полициската акција се одземени 960 банкноти од по 100 американски долари во вкупна вредност од 96.000 американски долари, возило користено во случајот од пријавениот и мобилен телефон, соопшти косовската полиција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

Тешко повредена 82-годишна жена додека се возела во автобус на ЈСП

Следна објава

Жителите на Ѓорче Петров на протест, не сакаат 30 згради и 4.000 нови станови