Жителите на Ѓорче Петров на протест, не сакаат 30 згради и 4.000 нови станови

Дел од жителите на општината Ѓорче Петров, денеска излегоа на мирен протест, како револт за новиот ДУП, со кој се предвува изградба на 30 нови згради во Општината, и нови 4000 станови.

Иницијативата ,,Не за бетонизација на Ѓорче Петров” бара од општината повлекување на планот со кој се предвидува изградба на повеќе згради некои и по 20 ката спроти пазарот во Ѓорче Петров.

-,Граѓаните на Ѓорче Петров имаат сериозен проблем со водоснабдувањето, паркинг простор и загаденост на воздухот. ДУП-от наречен „Бетонски монструм“ кој предвидува нови 30-тина згради со над 20 ката, 4.000 станови и нови 10 илјади жители во општината сериозно ќе го наруши квалитетот на живеењето на ѓорчевци во нашата општина. Од таа причина бараме суспензија за изградба на висококатници, не не и за изградба на училиште и градинка во општината. Максимално поддржуваме изградба на училиште и градинка, вели Горан Симоновски од иницијативата.

Претходна вестМакедонски државјанин уапсен во Косово при обид да продаде 96.000 фалсификувани долари
Следна вестМицкоски: Победуваме со силата на многумина кои мора да излезат на гласање ако сакаат промени