Сообраќајнaта некултура царува по македонските патишта. Како резултат на сето тоа има и многу незгоди, повредени и за жал многу загинати.
Републички совет за безбедност во сообраќајот денеска објави дека во текот на годинава, заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица.
– Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и несакани последици. За жал, сѐ уште не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво, порача претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска.
Инаку, на пример во 2019 година имало 132 загинати лица, а во 2018 – 129 учесници во сообраќајот загинале.
Се се ова загрижувачки бројки иако сегашните делуваат малку намалени. Сите надлежни треба да превземаат дополнителни мерки.
Полицијата треба да е поприсутна и поревносна во извршувањето на своите задачи на сообраќајниците. Републичкиот совет треба да ги засили своите кампањи. А надлежните за патиштата треба да ги поправаат сообраќајниците побрзо и посоодветно оти дел од несреќите настануваат токму поради лошата состојба на патиштата.
Секако, најмногу треба да отворат „четири очи“ учесниците во сообракајот низ Македонија. Најчесто сообраќајките доаѓаат од невнимавање и непочитување на правилата и прописита. Се вози пребрзо, се престигнува на несоодветни места, се возат неисправни возила, се користи алкохолот, на се почитуваат знаците…
Здивените возачи пред да седнат во возилата нека се потсетат – колкумина годинава загинале на патиштата. ДО НОЕМВРИ ДУРИ 114 ЛИЦА НЕ СТИГНАЛЕ НА ПОСАКУВАНАТА ДЕСТИНАЦИЈА ТУКУ ГО ЗАГУБИЛЕ ЖИВОТОТ.