Значајно поевтинија становите и куќите во Германија

Цените на недвижнините во Македонија растат, особено во Скопје и Охрид. Но, во исто време цените на станбените недвижнини во Германија нагло паднаа во вториот квартал. Ова го покажаа податоците на заводот за статистика, како одраз на влијанието на високите каматни стапки врз побарувачката.

Цените на недвижнините паднаа во периодот од април до јуни за 9,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, што е најмногу откако почнаа да се собираат податоци во 2000 година.

На тримесечно ниво се намалени за 1,5 отсто. Во градовите како Берлин, Хамбург и Минхен становите биле поевтини за 9,8 отсто од вториот квартал од минатата година, а семејните куќи за 12,6 отсто. Поблаг пад на цените е забележан во ретко населените рурални средини, па становите поевтинија за 7,0 отсто, а семејните куќи за 8,1 отсто.

Цените на станбените недвижности во Германија паѓаат од крајот на минатата година.

Падот на цените го одразува слабеењето на побарувачката под притисок на високите каматни стапки, што го натера водечкиот германски инвеститор за недвижнини Vonovia да ги одложи плановите за изградба на 60.000 станови.

Претходна вест„Слава на урина“ наместо „Слава на Украина“, Зеленски пречекан со голем гаф во Њујорк
Следна вестВо пожарот во Хром настрада едно лице, станот целосно опожарен