Зоран Кастратовиќ се врати на кормилото на Ал-Мудар

Зоран Кастратовиќ се враќа на местото на успехот по само еден месец пауза. Искусниот стратег потпиша двегодишен договор со Ал-Мудар, клуб кој се бори за трофеи на сите фронтови во Саудиска Арабија.

Во меѓувреме Кастратовиќ ја водеше репрезентацијата на Саудиска Арабија, а Ал-Мудар го презеде Матео Гаралдо.

Кастратовиќ со Ал-Мудар минатата сезона завршија на втората позиција на табелата во домашниот шампионат, но го освоија Купот на Саудиска Арабија.

57-годишниот Зоран Кастратовиќ во кариерата работеше во македонските клубови Вардар, Металург и Пролет, а исто така ги водеше и Беране, Слобода Тузла, Сутјеска Никшиќ и Ел-Џаиш.

Претходна вестПод мотото „Прекрасното непознато“ почнува 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“
Следна вестСДСМ: Со нас македонската култура постигнува значајни успеси