Петти ден откако жители на скопско Зелениково отворено го повикуваат Јавното комунално претпријатие Зелениково – и преку неговата Фејсбук страна, да излезе и да ја исчисти депонијата во близина на нивните домови. Имено, се работи за еден единствен контејнер, неиспразент околу еден месец, околу кој има брдо од гнасотија.
-Околните кучиња веќе ни ги носат ќесите од депонијата по дворовите, коментираат револтирано жителите.
Актуелниот градоначалник кој е и кандидат за уште еден мандат, најверојатно заради кампањата изгледа не гледа што му се случува во општината. Или пак можеби дава наредба да се исчисти ама некој друг затајува.
Што и да е причината за оваа депонија околу и во контејнерот, барем на првиот јавен повик службите требаше да реагираат. Првите луѓе во општините треба конечно да разберат дека нивните удобни фотељи зависат исклучиво од непосредното гласање и волјата на граѓаните во конкретните населени места. А тие пак, само сакаат основни услови за удобен живот во нивните општини.