Зошто ни се толку многу градски и општински советници?

Македонија има премногу функционери кои се скапи, а нивното работење не се забележува баш по нешто позитивно. Затоа потребно е бројот на функционери да се намали.  

Деновиве идејата за намалување на бројот на пратениците во македонскиот парламент почна да ја бранува јавноста. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ предложи нивната бројка од 120 да се намали на 90. Предлогот е добар, но ќе биде ли спроведен? Засега е јасно само дека сите силно сакаат да се вгнездат во парламентот каде има фини привилегии, плати…

Туку, кај нас преголем е и големиот број на советници во општините и во Градот Скопје кои се избираат на локалните избори. На пример Градот Скопје има 45 советници и за нив се одлеваат многу пари на скопјани. Слично е и со општините.

Зошто ни се толку советници? Време е нивниот број да се намали барем за 25 проценти? Потоа во Советите пак ќе си биде се исто ( не дека нешто посебно ќе сработат), ама барем ќе биде поевтино за граѓаните.

 

Претходна вестТешка сообраќајна несреќа кај Батинци – се судрија автобус и автомобил
Следна вестВо Скопје недостасува повеќе еколошка свест, главно – кај одговорните фактори