Oпштина Бутел на 9 месеци пред локалните избори се сети да им помогне на загрозените

Општина Бутел се сети и донесе одлука, да објави повик за привремено ангажирање на невработени лица во траење од година дена. Се работи за 50-тина невработени и загрозени случаи кои ќе вршат различни дејности на нејзината територија.

-Право на учество имаат лицата кои се долгорочно евидентирани како невработени и социјално загрозени лица во Агенцијата за вработување со средно и понизок степен на образование, кои се ниско квалификувани и повозрасни лица, велат од општината.

Повикот е објавен пред два дена а ќе трае до 12 јануари, но, ако не биде пополнет бројот, тогаш рокот може да биде и продолжен. На прв поглед чекорот на општината е за пофалба, но сепак има клучни прашања неодговорени:
-Како и зошто токму сега, на неколку месеци пред локалните избори, општината се сети да ги згрижи загрозените? Зошто тоа не го направи веднаш откако актуелниот градоначалник седна во фотелјата?
-Која е гаранцијата дека ќе бидат примени вистинските луѓе, а не, на пример, партиски или други послушници?

Се очекува градоначалникот да објасни. Во меѓувреме, на веб страната на општината јасно е наведено кои документи треба да ги поднесат лицата што се заинтересирани: барање за работно ангажирање за извршување на јавни работи на територијата на општина Бутел, потврда од Агенцијата за вработување дека е невработено лице, фотокопија од лична карта и трансакциска сметка.

Претходна вестЕден избоден и еден застрелан во Гази Баба, полицијата го истражува случајот
Следна вестНа 28 јануари Филхармонија ја најавува богатата концертна година