На 28 јануари Филхармонија ја најавува богатата концертна година

Со концертни изведби на диригентот Борјан Цанев и Ања Коловска на 28 јануари Филхармонија ја најавува богатата, на репертоарски план, 2021 година. Ќе биде изведен концертот за хармоника и оркестар „Аконкагва“ од Астор Пјацола, „Песна и танец“ од Томе Манчев и „Орава“ за гудачки оркестар од Војцек Килар.

-Филхармонија не е само за елитата. Таа е на сите граѓани. Силен предизвик е да се привлече помладата публика, но и онаа публика која до сега имала отпор спрема класичната музика поради различни причини. За среќа, сега го имаме во нашите редови маестро Габриел Бебешелеа, нашиот шеф-диригент, кој е целосно вклучен во изборот на програмата и тој има добра визија. Се надевам дека ќе ги соединиме идеите и дека ќе креираме прекрасни концерти. Мораме да се движиме паралелно со светските музички струења и да го следиме и пулсот на уметничката јавност, вели директорката Иванова.

Претходна вестOпштина Бутел на 9 месеци пред локалните избори се сети да им помогне на загрозените
Следна вестПовремениот дожд ќе се дружи со слаб до умерен јужен ветер