10 години јубилеј на Скопје танцовиот фестивал

10 години од првата претстава „Меѓусвет“, во кореографија на Рисима Рисимкин, славо Скопскиот танцов фестивал. Токму заради овој јубилеј во петок, онлајн, ќе биде прикажана претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“.

-Во своето 10-годишно постоење, Скопје танцовиот театар успеа да оформи извонреден танчарски кадар, во соработка со Скопје танцовата академија, а од 2017 и со Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип. Компанијата во континуитет активно работи на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и на нејзин пласман на светската танцова сцена, вели Рисимкин.

Според Рисимкин, како круна на своето десетгодишно постоење, Скопје танцовиот театар има покана годинава да гостува во Националниот театар Шајо во Париз, еден од најдобрите и најпрестижни светски театри за современ танц.

Претходна вестДали ако не се сопре гласањето на ДУП-овите за Железара, еко-катастрофата е на праг?
Следна вестОблачно со повремен дожд и северен ветер