Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, се наведува во информацијата.
Изречени се и 12 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.