102 казни за пребрзо возење, 14 возачи зборувале на телефон, 12 биле пијани…

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, се наведува во информацијата.

Изречени се и 12 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.

 

Претходна вестКој вежба агресија врз македонските споменици?
Следна вестПриведен маж кој се заканувал дека ќе изврши масакр ист како тој во Белград