108 новозаразени од вирусот, двајца починати

28

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19, соопшти Венко Филипче, министер за здравство на својот профил на Фејсбук. Од нив, најголем дел се од Скопје – 45 , а потоа следат Куманово 18, Дебар 1,Штип 11, Прилеп 3,Тетово 2,Струга 4,Велес 4,Гостивар 9, Струмица 2,Виница 2,Делчево 4 и Свети Николе 3 лица.

-Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г),се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје 32,Дебар 1,Штип 20,Прилеп 4,Тетово 4,Велес 3,Битола 5,Гостивар 11,Кочани 2,Демир Хисар 1,Македонски Брод 8, Свети Николе 9 и Кичево 12.

Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.076, бројката на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.900.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСрбија крева жичана ограда кон Македонија, имаат ли план нашите институции за мигрантите?
Следна вестНема повеќе преку ливадата да се оди до обележјето за родната куќа на Мајка Тереза