Нема повеќе преку ливадата да се оди до обележјето за родната куќа на Мајка Тереза

Сменета локација и нов постамент доби обележјето за локацијата на која што се наоѓала родната куќа на нобеловката Мајка Тереза во центарот на градот. Екипите на Град Скопје, по барање на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, ја дислоцираа спомен-плочата за куќата откако беше отежнат пристапот заради големиот тревник кој скопјани нагалено го нарекоа „ливада среде плоштад“. 

Решено е обележјето да се премести на страната свртена кон ресторанот „Пелистер“ во рамките на новоизведениот плочник, веднаш до трите дрвја насадени во чест на посетата на Мајка Тереза на Скопје. Изведен е нов постамент на кој се поставени плочите напишани на македонски, албански и англиски јазик.

 

Претходна вест108 новозаразени од вирусот, двајца починати
Следна вестСкопјанка натепана и ограбена кај Кале