Младо 11-годишно момче се повредило на справи за вежбање, соопшти полицијата.
МВР информира дека вчера во 11.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во Општата болница во Охрид, било донесено 11 годишно момче од Скопје.
-Тоа било донесено со болки во стомакот и градите кај кого, по преземени мерки биле констатирани скршеници на ребра и други повреди. По извршени активности, било констатирано дека, малолетникот се лизнал и паднал од справи за вежбање, се наведува во информацијата.