11 пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 145 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,20%, а 30% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 58,98%, кон Итната медицинска помош 26,27%, а кон пожарникарите 6,97% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 796 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (7,78%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (30%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

11 пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, а од вчерашните нема активен пожар. Конкретно, изгасените 11 пожари биле во општините: Арачиново, с. Арачиново (горела депонија); Аеродром, 2 во Горно Лисиче (ниска вегетација и ѓубре и жито и ниска вегетација); Бутел, кај хотел „Њу Стар“ (ниска вегетација и ѓубре); Ѓорче Петров, кај населба „Стопански Двор“ (ниска вегетација); Сарај, Долно Свиларе (сува трева и гранки); Петровец, с.Петровец (депонија и сува трева); Охрид, кај хотел Метропол (трска); Кавадарци, с.Росоман (депонија); Неготино, с.Пепелиште (сува трева) и во Општина Кочани, кај месноста „Трајаново Трло“ (горела сува трева, гуми, пластика и друго ѓубре)

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Претходна вестПознат идентитетот на загинатите на Галичица
Следна вестМицотакис и Мицкоски да преземат одговорност за Договорот од Преспа, порачаа Заев и Ципрас