110 новозаразени од Ковид – 19, нема починати

Во изминатово деноноќие направени се 894 тестови, а регистрирани се 110 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 72, Битола – 8, Куманово – 6, Кавадарци, Штип и Неготино – по 4, Кочани – 3, Прилеп и Гостивар – по 2, Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (110), регистрирани се 18 реинфекции.

Регистрирани се 42 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Кочани и Охрид – по 2, Кавадарци, Штип, Тетово и Гевгелија – по 1.

-Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.

Претходна вестПендаровски пак кажа силни зборови, овој пат ќе остане ли зад нив?
Следна вестНасилна смрт во 2021 година доживеале 677 лица, за 54,6 отсто повеќе од преклани