111 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15, десет санкции за возење повеќе од дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол, 15 прекршоци што ги чинат пешаците.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.

Претходна вестОблачно со локален дожд, кон крајот на денот облачноста ќе се намалува
Следна вестЗа една недела 235 непрописно паркирани возила во Општина Центар