114 сообраќајни санкции во Скопје, 14 лица возеле без дозвола, седуммина поминале на црвено…

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 114 мерки од страна припадниците на Секторот за внатрешни работи Скопје

-Меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за некористење на сигурносен појас, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Претходна вестСредношколците денес полагаат прв тест од државната матура, се полага тестот по мајчин јазик
Следна вестНов трилер-пораз на одбојкарите во Европската златна лига