119 сообраќајни прекршоци во Скопје, 15 за пребрзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните сообраќајни контроли на скопското подрачје.

Имало и 16 мерки за возење без возачка дозвола и 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестОблачно со дожд и грмежи
Следна вестЛамбе Алабаковски пуштен во домашен притвор