Облачно со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално со над 20 литри на квадратен метар наврнат воден талог, проследени со силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со услови во делови од скопската котлина процесите да бидат во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

В сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

Претходна вестГрузијците убедливо ја совладаа Македонија
Следна вест119 сообраќајни прекршоци во Скопје, 15 за пребрзо возење