12 возеле без дозвола, осуммина биле пијани, потмина поминале на црвено…

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, соопшти денеска МВР.

Имало и осум мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за возење над дозволеното и пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

-Изречени се и пет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, четири мерки за користење мобилен телефон…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестМНР бара Бугарија да се огради од изјавите на лидерот на „Преродба“ Костадинов
Следна вестАпасиев го прашува Џафери: По гулаб ли го пративте известувањето за референдум?