Апасиев го прашува Џафери: По гулаб ли го пративте известувањето за референдум?

Лидерот на Левица Димитар Апасиев се уште не го добил известувањето од собранискиот претседател Талат Џафери дека е потребно надополнување на партиската иницијатива за референдум за француски предлог. Апасиев вчера реагираше и во Собранието.

-Сакам да Ве прашам дали го пративте известувањето, дали по гулаб ми го пративте, дали по препорачана пошта ми го пративте известувањето? Така што прашањето ми е: Кога ќе го доставите Известувањето и до кога ќе купувате време со оваа иницијатива за референдум?, истакна Апасиев до Џафер.

Апасиев додаде дека тој на ден 07.10.2022 година, како граѓанин – физичко лице, не како пратеник, поднел до Џафери Граѓанска иницијатива за распишување на дополнителен референдум.

-Вие сте објавиле некое известување до медиуми на ден 12.10.2022 година. Значи пет дена по моето поднесување на предлогот со 750 потписи но, ова известување јас сѐ уште како овластен предлагач го немам добиено писмено, подвлече лидерот на Левица и додаде:

– Јас немам никакво Известување, по што би почнале да течат (според Вашето толкување) деловнички предвидените 15 дена за корекција на она што не ви се допаѓа. Иако, Вие немате право да навлегувате во тоа дали ви се допаѓа или не ви се допаѓа формулацијата на прашањето.

Талат Џафери претходно објави дека ќе ја врати иницијативата за референдумот на доработка.

Претходна вест12 возеле без дозвола, осуммина биле пијани, потмина поминале на црвено…
Следна вестОсмани и Ковачевски какво заедништво бараат од сите во Македонија?