Темен режим Режим на светлина

Просечната плата во август 31.871 денар

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во август годинава, изнесувала 31 871 денар и е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната плата во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 проценти) и Уметност, забава и рекреација (15.6 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 процент), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 отсто) и Рударство и вадење на камен (3.1 процент).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Синдикалецот Димовски до Арсовска: Сменете го директорот на „Водовод“ да не дојдеме во ситуација да нема вода за пиење во Скопје

Следна објава

50 нови случаи на Ковид-19