Темен режим Режим на светлина

Боки 13 претепан во „Идризово“, со Брза Помош однесен во болница

Три лица го претепале Боки 13 во дворот на затворот „Идризово“.

Со повреди во пределот на главата, рацете, но и во абдоменот каде веќе имаше здравствени проблеми, бил пренесен и задржан на лекување во болница.

„Во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

50 нови случаи на Ковид-19

Следна објава

Автобусите се тргнаа од пред Влада, но дали проблемите на ЈСП ќе добијат трајно решение?