Темен режим Режим на светлина

Автобусите се тргнаа од пред Влада, но дали проблемите на ЈСП ќе добијат трајно решение?

Автобусите на ЈСП „Скопје“ кои утринава беа паркирани пред зградата на Владата веќене се на булеварот „Илинденска“. Тие се повлечени попладнево а се очекува и воспоставување на нормален сообраќај на овој фреквентен булевар.

Автобусите беа паркирани пред Владата во знак на протеест на раководството на ЈСП и на скопската градоначалничка Данела Арсовска поради долгот кој, според нив, Владата го има кон најголемиот градски превозник. Владата демантираше дека има таков долг. Не е познато дали меѓу двете страни е постигнат некаков договор.

Проблемот со ЈСП се реши откако Град Скопје вчера итно пренамени 2 милиони евра со кои се обезбедни плати до крајот на годината. Дотогаш останува неизвесно дали ќе се најде одржливо решение, или загубите повторно ќе се вратат.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Боки 13 претепан во „Идризово“, со Брза Помош однесен во болница

Следна објава

Не му е лесно на Маричиќ на скрининзите: Решени сме да...