121 санкциониран возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, од кои 11 за возење без возачка дозвола, 13 мерки за непочитување на брзината на движење, 13 за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас и 53 мерки за непрописно паркирање.

 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестЗдравствената ситуација со Ковид-19 е стабилна, вакцините ќе ги почекаме
Следна вестТурски државјанин повреден при работа