Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (14. јануари) спровела зајакната акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што информираат од МВР, при тоа санкционирани биле 135 возачи.
Од нив осуммина се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
62 возача ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.
Од ресорното министерство информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на викендот.