Темен режим Режим на светлина

Македонија против Црна Гора во второто коло на ЕП

Нов лик во репрезентацијата: Лазаров со промени за дуелот со Австрија Нов лик во репрезентацијата: Лазаров со промени за дуелот со Австрија

Македонската репрезентација, вечерва ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. По воведниот пораз од Словенија, македонските репрезентативци за противник ќе ја имаат селекцијата на Црна Гора.

Македонија, против Црна Гора, мора да победи доколку сака да ги задржи шансите за пласман во вториот круг. Со иста цел во дуелот ќе влезат и Црногорците кои на стартот беа поразени од Данска.

Селекторот Кирил Лазаров, на вчерашната прес конференција, рече дека можеби индивидуалниот квалитет на на страната на противникот, но дека како колектив Македонија е посилна од Црна Гора.

Натпреварот во Деберецин ќе започне во 18 часот, ќе го судат Литванците Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

135 казни за брзо возење во еден ден

Следна објава

Казнети 256 возачи во Скопје, 23 возеле под дејство на алкохол