141 новозаразен, еден починат и 161 излечен од корона вирусот

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19, соопшти пред малку Венко Филипче, министер за здравство на својот профил на ФБ. Од нив најголем дел се во Скопје 39, а потоа следат Куманово 10,Штип 23,Прилеп 1,Тетово 8,Струга 6,Битола 3,Охрид 2,Гостивар 13,Крива Паланка 2,Кочани 3,Пробиштип 1,-Демир Хисар 3,Македонски Брод 3,Берово 1,Виница 3,Кратово 1,Свети Николе 1,и Кичево 18.

-Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови, наведе министерот.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од:Скопје 60,Куманово 7,Прилеп 4,Тетово 3,Струга 15,Велес 1,Охрид 3, Свети Николе 13,Кичево 5, Ресен 1 и други.

Досега во земјата се направени вкупно 117475 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083, бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306, информира Филипче.

Претходна вестБлокирана сметката на грчката фирма која ја гради штипската болница
Следна вестМалолетник тешко повреден откако го удрил автомобил во Скопје