Темно Режим Светло Режим

Малолетник тешко повреден откако го удрил автомобил во Скопје

Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во сообраќајната несреќа што се случила доцна синоќа во центарот на Скопје. Имено, полицијата соопшти дека седумнаесетгодишно момче од Струга е тешко повредено кога во него удрил автомобил „Мерцедес“ на улицата Димитрие Чуповски.

-Со возилото управувал Е.Ј. (38) од Скопје, а несреќата се случила во 22.10 часот. Момчето било однесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, информира полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.

Претходниот Пост

141 новозаразен, еден починат и 161 излечен од корона вирусот

Следниот Пост

Родители: Кој ќе ги чува децата дома? Зарем првачињата не се идентично заразни како другите деца?