Родители: Кој ќе ги чува децата дома? Зарем првачињата не се идентично заразни како другите деца?

Првачињата во училиште, другите сите онлајн на настава од 1ви септември. Ова го предложила Комисијата за заразни болести. Се разбира тоа не е конечна одлука, таа ќе треба да ја донесе Владата. Но реакциите од родителите после ваквиот предлог отвораат низа сфери кои, изгледа како пак никој да не ги размислил – и не се знае како ќе се решаваат.

До „Скопско ехо“ родители испратија коментари и прашања, од вчера наваму, по објавата на Комисијата:
-Кој ќе ги чува децата дома?
-Кој ќе работи со нив, минатите месеци беа ненадејни, не беше државата подготвена, после тоа се „фрлија“ на избори – божем тоа беше најважното – а и да беше еве уште Влада нема, па сега им текна генијално решение во кое пак родителите се клучни. Ало, институции, ние треба да работиме, да одиме на работа, да ги прехраниме децата, како мислите повторно дома да ги чуваме?!
-Само првачињата?! Па тие се идентично деца – идентично заразни, каква е оваа поделба, нејасно е се… – коментираат родителите.

Од друга страна дел од епидемиолозите се жестоко против старт во училиште. Велат дури и да треба да се жртвува следната година, „се е надоместливо – но здравјето и животот не“.

-Не сме ниту Данска, ниту Финска, ниту Шведска… Неприфатливо е Комисијата да препорачува, а МОН да одлучи! Не! Заклучоците на комисијата, артикулирани во одлука на министерот за здравство, треба да бидат закон. Одлуката да ја донесе не МОН, туку Владата, врз основа на предлогот на Министерот за здравство! Не смее да се оди со приодот – да пробаме, па ако треба ќе смениме! Тоа е начин на стекнување знаења се метод на „обид и грешка“. Тоа е најпримитивниот начин на доаѓање до знаење! Разумни суштества учат од свое и туѓо искуство. Не смееме да експериментираме со најдрогоценото нешто – децата! Нашиот подмладок! Ќе останеле децата неписмени? Ќе бидам краток: -Сè може да се надомести, ама здравјето и изгубените животи – не можат!- коментира доктор Драган Даниловски.

Претходна вестМалолетник тешко повреден откако го удрил автомобил во Скопје
Следна вестМакедонскиот уметник Станко Павлески на изложбата „Арт/Војна/Транзиција“ во Риека