Денес се регистрирани 412 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 191.820, информира Министерството за здравство.
Направени се 3.379 тестирања, оздравени се 395 пациенти, а пријавени се 12 починати лица во изминативе 24 часа.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци ( 85г),Крива Паланка ( 67г) и Тетово (64г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.