Санкционирани се 156 возачи поради то ашто се движеле со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на сообраќајниците во земјава.
-Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место, се наведува во информацијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, укажуваат од МВР.