Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до градот Гриндавик

По ерупцијата на вулканот на полуостровот Рејкјанес во Исланд, лавата денеска стигна до источниот дел на малиот евакуиран град Гриндавик, објавија локалните медиуми. Силни и брзи текови лава почнаа да течат доцна синоќа, но властите велат дека оттогаш значително се намалиле, објави Би-би-си.

Активноста околу пукнатината, првично долга три километри, исчезна. Метеоролошката канцеларија на Исланд соопшти дека лавата сè уште тече, но со намалена брзина. Во јужниот дел на Исланд од синоќа е во сила вонредна состојба. Директорот на Исландската цивилна одбрана Видир Рејнисон изјави дека сѐ што може да се направи е направено и дека сега најголема грижа е како лавата ќе влијае на инфраструктурата.

Вулканот на полуостровот Рејкјанес на Исланд еруптираше вчера по четврти пат од декември, исфрлајќи големо количество лава во воздухот. Се верува дека ова е најсилната ерупција од декември. Луѓето беа евакуирани и од популарното туристичко место, спа центарот Сина лагуна. Вулканот последен пат еруптираше во почетокот на февруари, го доведе до прекин централното греење за 20.000 луѓе, додека лавата уништи патишта и цевководи.

Претходна вест156 санкции за брзо возењe, секој втор дивеел во населени места
Следна вестТошковски: Системот е уништен, на северната граница 6-7 години не работат термалните камери, ама табли со „северна“ има