Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

На Флорида, на децата помлади од 14 години ќе им биде забрането да се приклучуваат на социјалните мрежи од следната година. Станува збор за закон потпишан од гувернерот Рон ДеСантис, а законот бара компаниите кои поседуваат социјални мрежи да ги бришат сметките на лица помлади од 14 години.

На децата на возраст од 14 и 15 години ќе им треба родителска согласност пред да се пријават на платформи како Instagram и Snapchat, пишува Sky News. Компаниите кои нема да ги избришат сметките ризикуваат да бидат тужени во име на децата. Во случај на прекршување на законот, компаниите би можеле да платат парична казна од 10.000 до 50.000 долари.

Новиот закон треба да стапи на сила во Флорида следниот јануари. Законот веќе предизвика бес кај компаниите на социјалните мрежи кои тврдат дека го прекршува Уставот на САД.

Државниот републикански спикер Пол Ренер го нарече предлог-законот негов главен приоритет и рече дека „детето во развој не може да знае дека технологијата може да предизвика зависност“. Предлог-законот, исто така, го дефинира материјалот штетен за децата како содржина „која нема сериозна литературна, уметничка, политичка или научна вредност за малолетниците“, заедно со „очигледно навредливи“ прикази на сексуално однесување и непристојност.

Ренер призна дека знае дека компаниите за социјални медиуми ќе тужат веднаш штом ќе се потпише ова, но тој мисли дека државата ќе ги победи. „Ќе ги победиме и никогаш нема да застанеме“, изјави тој. ДеСантис, кој неодамна ја прекина својата кампања за републиканската претседателска номинација, исто така го поддржа нацрт-законот.

-Мислам дека ја задоволивме правичната примена на законот, рече ДеСантис.

Претходна вестКонечно, некој со предлог Собранието да се намали за 30 пратеници
Следна вестСо пеење една иста песна со години се победува ли корупција?