Темен режим Режим на светлина

Норвешки регион бара од ЕК да им дозволи денот да трае 26 часа

Најсеверниот регион на Норвешка, Финмарк, побара од Европската комисија да одобри воспоставување временска зона со 26-часовен ден, објавија локалните медиуми.

Локалните власти наведуваат дека ова барање, промовирано од градоначалникот на Вадсо, мал град во Арктичкиот круг во близина на руската граница, кое многумина го сметаат за бизарно, има цел да ги промовира локалните вредности, да го зголеми времето за семејството и да привлече нови жители во регионот, пренесе „Политико“.

Во своето писмо до Европската комисија, која потврди дека го добила барањето, локалните власти во регионот Финмарк бараат од ЕК да им нареди на норвешките власти да одобрат создавање временска зона со 26-часовен ден наместо 24.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полициски претреси во затворот ,,Идризово”, се подготувале кривично-правни дејствија

Следна објава

При претресите во „Идризово“ откриена поголема количина на недозволени предмети