Германија од денеска го либерализира пазарот на канабис

Од денеска на возрасните во Германија им е дозволено да носат со себе до 25 грама сушен канабис и да одгледуваат најмногу три растенија марихуана дома.

Германија од денеска го либерализира пазарот на канабис декриминализирајќи го поседувањето мали количини.

Откако стапија во сила новите закони за лично поседување, пушењето канабис во Германија ќе биде легално за постари од 18 години, пренесува „Гардијан“.

Од денеска, на возрасните во Германија им е дозволено да носат со себе до 25 грама сушен канабис и да одгледуваат најмногу три растенија марихуана дома.

Новите закони следуваа по жестоката дебата за добрите и лошите страни на овозможувањето полесен пристап до канабисот.

Германските власти се надеваат дека планот ќе помогне во сузбивање на црниот пазар, заштита на потрошувачите од контаминирани производи и намалување на криминалот поврзан со дрога.

Консумацијата на канабис од страна на сите помлади од 18 години ќе продолжи да биде нелегална.

Новиот закон, исто така, има одредени заштитни мерки за заштита на младите, вклучително и забрана за пушење канабис на 100 метри од училиште, градинка, игралиште или спортски центар.

Претходна вестОвој пат е сигурно: Од среда престанува црната кампања
Следна вестТројца дрвокрадци фатени со трактори на лице место