156 санкции за брзо возењe, секој втор дивеел во населени места

Санкционирани се 156 возачи поради то ашто се движеле со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на сообраќајниците во земјава.

-Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, укажуваат од МВР.

Претходна вестНе е доволно соопштување и демант околу евентуална злоупотреба на 3,2 милиони евра социјална помош
Следна вестЛавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до градот Гриндавик