Тошковски: Системот е уништен, на северната граница 6-7 години не работат термалните камери, ама табли со „северна“ има

Со години на северната македонска граница не работат термалните камери со кои може да се открие движење на лица кои би саскале илегално да влезат или излезат од земјата. Оваа фрапантна состојба синоќа ја кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при настап на ТВ „Алфа“.

-А ние ги лажеме дека ја контролираме границата, изјави тој.

Министерот посочи дека бил во посетата на пет полициски станици за граничен надзор на сверниот дел на државната граница и дека утврдиле како состојбата во нив е катастрофална.

-Состојбата во тие станици е катастрофална. Оставени се како што војската ги дала објектите. Ај што кубурат со човечки ресурси, освен една, ајде што шајка не е закована освен во една. Замислете, термалните камери на работат, замислете. Ова е најсериозна работа. Ова го знаат сите освен јавноста што не го знае вака кажано од одреден висок функционер. Нема кој не го знае ова. Термалните камери се оние камери коишто ги има на неколку пункта на граница и чија цел е на значителен домет од 7-8 километри да може да констатира движење, рече Тошковски.

Тој додаде дека камерите не работат со години и дека се прашува дали ова намерно е направено со цел да им се помогне на шверцерите.

– Ова се случува во голем временски период. Еден од командирите ми кажа дека најмалце 6-7 години не функционираат овие термални камери. Никој не прашал што е, како е, зошто е… А притоа човечките капацитети се катастрофални. Нема ни доволен број на возила, смена не може да направат. Системот е уништен, систем нема. Ова е страшно, страшни факти. Не можам да го лажам граѓаните. Што да кажам? Дека се безбедни, како што им кажувале до сега? Ние ги лажеме граѓаните дека нешто контролираме на северната граница, потецнира Тошковски и најави дека ќе оди и на јужната граница за да види каква е таму состојбата.

Инаку, како што потенцира, на гранични места каде што бил иако немало скоро ништо што е потребно за полицајците, биле ставени нови табли со „северна“.

Претходна вестЛавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до градот Гриндавик
Следна вестНе расте бројот на донаторите за хумани цели, некогаш има нови – но само наменски