Во општина Центар бесплатни стоматолошки услуги за сите деца до 18 години, социјално загрозените семејства и за пензионери

Општина Центар заедно со Стоматолошкиот факултет на одбележувањето на Светскиот ден на оралното здравје ги промовираа новите бесплатни услуги за жителите на Центар. Услугите ќе бидат достапни за сите деца до 18 годишна возраст, граѓаните од социјално загрозени семејства со потврда од МТСП и за пензионерите. Станува збор за користење услуги од областа на болести на устата и пародонтот, орална хирургија, болести на забите и ендодонтот, стоматолошка протетика и услуги од областа на детска и превентивна стоматологија.

-За жал, како граѓани навикнати сме да ги посетуваме стоматолозите тогаш кога веќе имаме проблем или болка. Затоа со обезбедувањето бесплатни стоматолошки услуги ние имаме за цел да ги доближиме услугите до граѓаните со цел нивно почесто користење, изјави денеска градоначалник на Центар Горан Герасимовски.

Заинтересираните лица за користење на услугите ќе може да закажат термин од понеделник до петок, од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Стоматолошки факултет-Скопје или на 071 223-320 по принципот прв дојден прв услужен. На веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=20359 може да се прочитаат и потребните документи за користење на бесплатните услуги.

Потребни документи:

-За децата од предучилишна и училишна возраст (до 18 години), со важечка лична карта од родител/старател жители на територија на Општина Центар-Скопје,

– За граѓаните од социјално загрозени семејства со важечка лична карта и потврда од МТСП, жители на територија на Општина Центар-Скопје и

– За корисници на пензија, со важечка лична карта и чек од пензија од последниот месец, жители на територија на Општина Центар-Скопје.

Претходна вестПромоција на досега непознатата проза на Ацо Шопов
Следна вестСо трактор сакал да влезе во казино во Битола