Не е доволно соопштување и демант околу евентуална злоупотреба на 3,2 милиони евра социјална помош

Голема злоупотреба при давањето на социјална помош, на социјални пензии… Сето ова вчера излезе на површина. Првин актуелниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски на прес-конференцијата соопшти дека на 2.252 лица незаконски им биле исплаќани средства за социјална помош како и за социјална пензија бидејќи имале и приватни моторни возила. Тоа, според него, државата годишно ја чинело ни помалку ни повеќе туку цели 3,2 милиони евра. 

Обвиненија и сомнежите се тешки. Поранешната министерка, сегашна заменик-министер Јованка Тренчевска, му одговори на Велковски дека зборува невистини, дека се во тек проверките на сите случаи во соработка со МВР и се реагира каде имало незаконитост. 

Но, што и да е, тврдењата и сомнежите се сериозни и не смее се да остане на објава и демант. На потег сега треба да бидат надлежните институции – како Министерството за труд и социјална политика така и МВР, Јавното обвинителство… Проверката во случај на незаконски исплатуваната социјална помош и пензии може брзо и лесно да се направи, а што значи дека случајот брзо треба да биде расчистен. Но, ако сето ова се покаже како точно, некој треба да поднесе одговорност бидејќи дозволил злоупотребите со исплатата на социјалната помош и пензии да се прават толку долго време. А било потребно само благоремено да се вршат проверките во евиденцијата на сопствениците на моторните возила.

Претходна вестВо Ѓорче Петров урнат диво изградениот хангар на државно земјиште
Следна вест156 санкции за брзо возењe, секој втор дивеел во населени места