Стевчо Јакимовски ќе се залага за реформи во Судски совет и во Уставен суд

Мојата кампања ќе оди во две насоки – реформа на Судскиот совет и Уставниот суд и втората развој на наменското производство, изјави синоќа претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски пред почетокот на Конвенцијата на коалицијата Храбро за Македонија.

Тој нагласи дека мора во Судскиот совет и Уставниот суд да има истакнати судии и адвокати, како и универзитетски професори а не стручни соработници.

Јакимовски рече дека претседателот на државата ни случајно нема да биде протоколарна функција зашто, како што кажа, „ќе биде соочен со големи притисоци, со промени на чудни закони и на Уставот и притисок да се откажеме од идентитетските прашања“.

-Граѓаните веќе можеа да ме тестираат дали подлегнувам на уцени и закани. Можеа да видат дека ни Америка ни свети Америка, кога е во прашање Република Македонија, нема да ме натераат ни милиметар да отстапам и дека се што имам да и кажам ќе и кажам зашто чесно си ја вршам својата функција. Нема да дозволам ниту еден граѓанин на Република Македонија да биде малтретиран и ќе сторам се да ги заштитиме граѓаните од надворешните влијанија и непринципиелните напади и разни црни листи, рече Јакимовски.

Во надворешната политика, Јакимовски рече дека ќе се залага „да ги јакнеме нашите позиции во НАТО структурите и да ги исполнуваме условите за влез во Европската Унија, но со јасно инсистирање за поголем респект кон нашата држава и јасно ставање до знаење на ЕУ и стратешкиот партнер дека за идентитетот и јазикот нема со никого да преговараме, а за влезот во ЕУ не сме подготвени да чекаме бесконечно“.

То рече и тоа дека Република Македонија мора да се фокусира на наменската индустрија зошто „глад за оружје нема само во Европа туку насекаде во светот“.

Претходна вестБраво, оркестарот на „Танец“ покажа како се чува македонското музичко наследство
Следна вестВанковска со мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“ ја започна претседателската кампања